Четиримесечниот Најден, бебето кое беше пронајдено напуштено во атарот на скопско Арачиново, денеска беше опериран, а операцијата поминала одлично.
Операцијата заврши одлично. Повеќе информации не сакаме да даваме од етички причини, но важно е дека Најден е сега во добра здравствена состојба, изјавија од Клиниката.
За малото бебе цела Македонија се крена на нозе и беа организирани повеќе хуманитарни акции.