Бебето Најден повторно се бори за живот

Од:

Четиримесечниот Најден, бебето кое беше пронајдено напуштено во атарот на скопско Арачиново, повторно се бори за својот живот.

Според директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова, состојбата на Најден се влошила викендов.

„Најден има проблем со едното белодробно крило. Сега се наоѓа на одделението за интензивна нега, целиот медицински персонал му е на располагање. Правиме се што можеме за да го закрепнеме.

– Тој извесен период беше сместен на одделението за доенчиња, имаше своја соба и нега. Но, треба да се знае дека тој беше со кревко здравје уште од денот кога е донесен во болница“, вели Софијанова во изјава за „Дневник“.

Полицијата се уште трага по родителите или луѓето кои го оставија Најден во двор од куќа во Арачиново со повреди на телото.

Би можело да ве интересира

Почина бебето Најден

Ана Ололовска

Малиот Најден успешно опериран

Емир Латифовиќ

Штипските актери организираат хуманитарна акција за новороденчето Најден

Ана Ололовска

Најден може да биде посвоен откако ќе заздрави и во соодветна законска постапка

Емир Латифовиќ

Луѓе од дијаспората сакаат да посвојат Најден

Емир Латифовиќ