Почина бебето Најден

Од:

По повеќемесечна битка за животот почина бебето Најден. Директорката на Детска клиника Аспазија Софијанова потврди дека бебето починало во неделата во три часот поради тоа што му попуштило срцето.

Бебето Најден беше пронајдено во јануари годинава, со отсечен јазик, во тешка здравствена состојба и фрлено во двор во скопското село Арачиново.

Лекарите направија напори за подобрување на неговата здравствена состојба, а неговиот напредок постојано беше следен од јавноста и медиумите.

Би можело да ве интересира

Малиот Најден успешно опериран

Емир Латифовиќ

Бебето Најден повторно се бори за живот

Ана Ололовска

Штипските актери организираат хуманитарна акција за новороденчето Најден

Ана Ололовска

Најден може да биде посвоен откако ќе заздрави и во соодветна законска постапка

Емир Латифовиќ

Луѓе од дијаспората сакаат да посвојат Најден

Емир Латифовиќ