Малиот Ајан на Детската клиника заѕвони на ѕвонче во име на победата над карциномот

Од:

По долга битка со леукозата, малиот херој Ајан денеска ја напушти Детската клиника во Скопје. Придружен со аплауз од медицинскиот персонал во болницата, Ајан гордо чекореше по болничкиот ходник, се качи на скали и заѕвони на обесеното ѕвонче за да ја обележи победата над болеста.

Персоналот од Детската клиника, со согласност од родителите, го сподели видеото кое предизвика многу емоции и позитивни реакции на социјалните мрежи.

„Овој свет постои оти низ него трчаат и растат децата. Конечно и Ајан истрча, со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан!“, пишува на Фејсбук страницата на Детската клиника.

Ѕвончето со кое Ајан стави крај на болеста, го донирало лице од Ласкарци – човек кој несебично помагаше да се спасат патниците откако автобус на „Дурмо Турс“ лани се преврти на автопатот Скопје-Тетово, а животот го загубија 16 лица.

Министерот за здравство, Венко Филипче, објави фотографија од него и од Ајан, направена за време на новогодишните празници.

„Ајан за Нова година ми шепна дека има само една желба – да си оди дома! Конечно Ајан истрча и со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи, но и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан!  Благодарност до целиот медицински тим на Клиниката за детски болести, кои го даваат својот максимум за грижата за нашите најмали и најмили. Горд сум на вас!“, напиша тој.

Би можело да ве интересира

Како била лекувана Срна на Детската клиника: Родителите обвинуваат, докторите велат дека е сторено се што е потребно

Александар Тодески

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

Орце Костов

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

Орце Костов

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски

Четиригодишното дете од Струмица е во стабилна состојба на Детската клиника во Скопје

Катерина Ѓуровски

Валентина Цвејоска Чолаковска е нова директорка на Детската клиника