Малцинствата во Албанија бараат подобри права со декларација

Од:

Преставници на македонското, грчкото, српско-црногоркото, бошњачкото, ромското и египјанското малцинство во Албанија денеска од Москополе, Албанија, преку заедничка декларација побараа од новата албанска влада решавање на нивните проблеми со малцинските права и подобрување на нивната положба во Албанија.

Москополската декларацијата на малцинствата, како што самите ја нарекоа, во име на малцинствата пред албанската јавност ја прочита Елса Балаури, од албанската група за човекови права.

Во декларацијата од новата албанска влада конкретно се бара признавање на бошњачкото, влашкото, ромското и египтјанското малцинство како национални малцинства во Албанија на целата територија, додека македонското национално малцинство да се признае и во Голо Брдо и Гора и да им следат сите права што им припаѓаат на малцинствата. Потоа, изготвување и одобрување закон за малцинствата, потпишување на Европската повелба за регионални или малцински јазици, која албанската држава на нејасен начин ја одложува.

Исто така, малцинствата бараат измена на Изборниот закон каде ќе се гарантира застапеност на малцинствата во парламентот со гарантирани места, измена и обезбедување буџет за стратегијата на Ромите, обезбедување образование на мајчин јазик за малцинствата, строго почитување на прашањата поврзани со вработување, домување и образование на ромското малцинство.

Се бара и развивање на одделна национална стратегија за египтјанското малцинство во Албанија, финансиска поддршка на различните активности на малцинствата и реорганизирање на Државниот комитетот за малцинствата.

Покрај до албанската влада, декларацијата е  испратена и до сите меѓународни институции кои се занимааваат со малцинските права и до странските амбасади во Тирана.

Васил Стерјовски, потписник на декларацијата во име на македонското малцинство, истакна дека од 12 препораки што Албанија требаше да ги исполни за добивање кандидатски статус за членство во Европската унија, 11 се исполнети, да  само една препорака  поврзана со подобрувањето на правата на малцинствата не е исполнета. Тој оцени дека правата на малцинствата во Албанија дури и се назадуваат.

– Во изминатиов период се случија груби прекршувања на човековите права  во Албанија, како дискриминирачкиот попис, притисокот од страна на националистички групи врз малцинствата, попречувањето на македонското малцинство за изучување на мајчиниот јазик и одземање на некои веќе стекнати права уште од времето на комунизмот, како што е бришење на националноста од регистрите од матичната евиденција. Малцинсвата се тука и сакаат да помогнат во европската интеграција на Албанија. Од новата албанска влада зависи дали ќе ги прифати барањата на малцинствата или и таа ќе работи како и сите албански влади на нивно асимилирање, изјави Васил Стерјовски за „Македониум“.

Декларацијата следуваше на крајот од петдневната Академија на малцинствата, која Албанската група за човекови права ја организираше во Москополе со преставниците на малцинствата во Албанија.

Во декември се очекува Советот на Европа да се произнесе дали Албанија ќе добие кандидатски статус за членство во Европскта унија.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски