(ВИДЕО) Мала турканица од задниот влез на Ректоратот-повторно неуспешен обид за влез на ректорот и неколку професори

Од:

Професорите сакаа да влезат од другата страна на Ректоратот на УКИМ, за да ја одржат средбата на Сенатот на која треба да се избира нов ректор, но беа повторно спречени од насобраните туденти. Настана мала турканица, по што професорите се откажаа од намерата. Надвор остана и актуелниот ректор Велимир Стојковски, кому исто не му се дозволува да влезе.

Претставници на Професорскиот пленум и студенти се пред Ректоратот на УКИМ кој е блокиран од 8 часот утринава.

Студенти бараат седницата на Сенатот да се одложи се додека не се изберат легитимни студентски претставници, односно да не може денеска 10-те студенти кои се со истечен мандат во Сенатот да пресудат за изборот на новиот Ректор.

Професорскиот пленум го поддржува барањето и смета дека седницата за избор на Ректор треба да биде одложена се додека не се изберат нови 10 легални претставници од студентите.

Во потесен круг за ректор се универзитетските професори Никола Јанкуловски и Ненад Новковски.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот