Максути: Одлуката на 30 септември ќе влијае не само на Македонија туку и на целиот регион

Од:

Заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Беким Максути денеска во Грац, Австрија учествуваше на неформалниот состанок на министрите за одбрана на земјите од Западниот Балкан и Австрија. Состанокот беше под покровителство на австрискиот министер за одбрана Марио Кунасек кој ги информираше балканските колеги за заклучоците од неодамнешниот состанок на министрите за одбрана на Европската Унија во Виена.

На состанокот се разговараше за безбедносната соработка на земјите од Западниот Балкан и Европската Унија со цел зацврстување на безбедноста и стабилноста. Средбата на министрите финишираше со заедничка Декларација во која се истакнува силната поддршка на европската перспектива на Западен Балкан како и заедничка акција во справувањето со безбедносните предизвици и соработка на планот на заштита на границите од илегална миграција кон ЕУ.

„Македонија се соочува со истите безбедносни предизвици и закани како и останатите држави од Западниот Балкан и остатокот од Европа. Владата на Република Македонија е убедена дека стабилно и посветено добро владеење и безрезервната примена на правото може да обезбеди услови за безбеден и економски просперитетен регион“, рече заменик-министерот на состанокот.

Максути посочи дека граѓаните на Македонија се пред клучен момент – референдумот на 30 септември кој ќе влијае не само на безбедноста, стабилноста и просперитетот на земјата, туку и на целиот регион. Тој истакна дека граѓаните на нашата земја покажаа дека сакаат промени, сакаат да живеат во слободно, демократско општество во кое владее правото, слободното изразување, а медиумите се гласен коректив на политиката.

Заменик – министерот додаде дека Македонија со потпишаните договори со Бугарија и со Грција покажа дека инвестира во добрососедските односи и на градењето на мостови на соработка, наместо непријателство и дека тоа соседите го препознаа и дадоа целосна поддршка за членството на Македонија во НАТО и Европската Унија.

Како клучни безбедносни предизвици за Европа и Балканот, Максути ги посочи илегалната миграција, организираниот криминал, тероризмот, хибридните и сајбер-заканите. Тој истакна дека сите предизвици бараат заеднички одговор. „Свесни сме дека безбедносните предизвици се прелеваат од една земја во друга и ниту една држава не може сама да ги реши“, рече заменик – министерот.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска