ВИДЕО: Максим Ацевски едногласно избран за државен ревизор, се заколна дека ќе работи согласно законите

Од:

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а тој даде свечена заклетва пред нив. Ацевски по изборот од говорница кратко изјави дека му е чест што бил избран на позицијата и дека ќе работи согласно законите, односно дека нема да ја изневери довербата.

Државната ревизија речиси две години беше без главен ревизор, а мандатот на вршителот на должноста истече на 5 октомври. Пратениците претходната недела на Комисијата за избори и именувања едногласно го прифатија предлгоот Ацевски да биде избран за државен ревизор.

Претседателот на комисијата за избори и именувања, Илија Димовски рече дека Ацевски е со 20 годишно искуство и додаде дека е професионалец во областа.

Би можело да ве интересира

Главниот ревизор Ацевски: И во други клиники низ државата има опрема која е набавена, а не се употребува

А1он

ВИДЕО: Mаксим Ацевски предложен за главен државен ревизор

Габриела Димковиќ-Мишевска

Димовски верува дека денеска ќе се случи конечен избор на државен ревизор

Ана Ололовска

Нов обид за избор на главен државен ревизор

Ана Ололовска

Изборот на главен ревизор утре повторно пред матичната собраниска Комисија

Нема договор за избор на главен државен ревизор, собраниската Комисија ја прекина денешната седница

Татјана Ташкова