Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а тој даде свечена заклетва пред нив. Ацевски по изборот од говорница кратко изјави дека му е чест што бил избран на позицијата и дека ќе работи согласно законите, односно дека нема да ја изневери довербата.
Државната ревизија речиси две години беше без главен ревизор, а мандатот на вршителот на должноста истече на 5 октомври. Пратениците претходната недела на Комисијата за избори и именувања едногласно го прифатија предлгоот Ацевски да биде избран за државен ревизор.
Претседателот на комисијата за избори и именувања, Илија Димовски рече дека Ацевски е со 20 годишно искуство и додаде дека е професионалец во областа.