А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Макрон призна дека одвојувањето од Албанија било решение, но дека тој го одбил

by А1он18/10/2019 - 15:3618/10/2019 - 15:461422
Share0

Францускиот претседател, Емануел Макрон призна дека на вчерашниот состанок имало јасно мнозинство на земји за почеток на преговори со Македонија, но не и за Албанија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој исто така призна дека бил против одвојување на двете земји.

-Зелено светло за Северна Македонија без Албанија ќе беше смртоносна политичка грешка, а тоа беше единствениот можен консензус, ќе видевме политички и социјални движења од неверојатно насилство, не само кај албанското малцинство во Северна Македонија туку во сите земји каде има албанско малцинство, изјави Макрон.

Францускиот претседател во првото обраќање пред јавноста откако ги блокираше преговорите со Македонија и Албанија вчера, порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите од соседството на ЕУ, доведувајќи ја за првпат јавно во прашање европската иднина и перспектива на земјите од западниот Балкан дадена во Солун во 2003-та.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Разговаравме за визијата на секој од нас за Европа, јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството, рече Макрон, и додаде дека ЕУ не функционира каква што е сега.

Тој истакна дека со “овие земји“ треба да се има “стратешка агенда“, но дека не нужно тие треба да бидат идни земји членки на ЕУ.

Макрон ја повтори потребата за реформа на процесот на преговори со земјите кандидати и побара тој да биде реверзибилен, односно да може да биде стопиран.

Францускиот претседател посебно ги поздрави напорите на премиерот Зоран Заев за Преспанскиот договор и за уставните измени.

-Тие измени беа дел од барањата на ЕУ, но повеќе земји имаа резерви, не затоа што нема напредок, напредок има, но има некохерентности, меѓу другото во однос на миграцијата и почитувањето на одредени правила, изјави Макрон.

eu

Би можело да ве интересира

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Горан Наумовски21/06/2026 - 21:06

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Горан Наумовски21/06/2026 - 13:31

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 17:53

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Горан Наумовски18/06/2026 - 14:28

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски17/06/2026 - 14:2917/06/2026 - 15:13

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина

Горан Наумовски17/06/2026 - 14:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто