Макрон: Гласањето на Договорот од Преспа е пример за храброст и единство на Европа

Од:

Официјален Париз ја поздрави ратификацијата на Договорот од Преспа од страна на грчкиот Парламент.

За францускиот претседател Емануел Макрон „гласањето на Договорот од Преспа е пример за храброст и единство на Европа“, напиша тој на Твитер.

Министерот за Европа и надворешни работи Жан Ив Ле Дриан преку официјално соопштение порача дека го поздравува „гласањето од грчкиот Парламент на законот за ратификување на Преспанскиот договор за името на Поранешната Југословенска Република Македонија“ и додава дека „оваа политичка етапа суштински ќе овозможи стапувањето во сила на овој историски договор да има за цел ставање крај на билатералниот спор стар четвртина век“, додава тој.

Притоа Ле Дриан ја поздравува храброста на лидерите и особено премиерите на двете земји:

„Сакам да ја поздравам храброста и одлучноста што ја покажаа грчките и македонските лидери, особено премиерите Ципрас и Заев.“

Договорот од Преспа, според Париз „ќе овозможи развој на односите меѓу двете земји во многу области и ќе ја зајакне стабилноста на регионот на Западен Балкан и на Европа како целина.“

Париз притоа ја нагласува и поддршката на Франција за зачленување на Македонија во НАТО.

„Дополнително, со поддршка на Франција, договорот го отвора патот за пристапување на “Република Северна Македонија” во Атлантската алијанса, во согласност со поканата упатена до неа на самитот минатиот јули и придонесува за нејзиното европско приближување“ – се вели во соопштението на Кеј Д’Орсеј.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Катерина Ѓуровски

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Претседател на грчка партија од собраниската говорница го искина Договорот од Преспа

Катерина Ѓуровски

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор

Вагнер: Германија нема да дозволи „сиви зони“ во Европа, Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор