Макрадули оствари средба со францускиот амбасадор Тимоние

Од:

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули оствари работна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија Кристијан Тимоние.

Макрадули и Тимоние, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, разговарале за досегашната соработка на двете држави во областа на заштитата на животната средина и за можните правци на нејзино продлабочување.

Заменик министерот Макрадули изразил надеж дека поддршката и добрата соработка што Македонија ја има воспоставено со Франција во постигнување на европските стандарди во животната средина ќе продолжи и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Надворешното претставување да биде во рацете на професионални дипломати

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Претседателката Сиљановска-Давкова отповика осум амбасадори

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски