Макрадули на Светска конференција на е-парламент

Од:

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и член на Делегацијата во Интерпарламентарната унија Јани Макрадули, ќе учествува на Светската конференција за е-парламент, што ќе се одржи од 13 до 15 септември 2012 година во Рим, Италија, соопшти собраниската прес-служба.

На конференција, што ја организираат Интерпарламентарната унија и Обединетите нации, ќе учествуваат високи претставници од парламентите, меѓународните организации и експерти од областа на информатичките и комуникациските технологии.

Учесниците на конференцијата ќе дискутираат за статусот на ИКТ во парламентите, слободата на пристап до информации, влијанието на технологијата врз отвореноста и отчетноста на парламентите, иновациите во парламентарната комуникација, предизвиците од новите медиуми за парламентите и пратениците.

Предвидено е Макрадули да претседава со работната сесија на тема „Предностите и вредностите од достапните информации за поттикнување на поголема транспарентност на парламентите“.

Во рамките на конференцијата ќе биде одбележан 15-ти септември, Меѓународниот ден на демократијата.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска