Макпетрол Инфо Поинт: Техники за подобро возење

Од:

Со зголемувањето на бројот на возила на патиштата сѐ повеќе и почесто сме сведоци на лоши возачи и лоши одлуки, кои претставуваат потенцијална опасност по безбедноста на сите. Повеќето возачи се нашле во ситуација кога требале брзо да изреагираат поради грешка на некој друг учесник во сообраќајот, затоа следат неколку техники за подобро возење.

Внимавај на патот пред тебе – ова е меѓу првите совети за возачите почетници, но често луѓето го забораваат. Очи на патот – од процена на острината на следниот свијок за помирно совладување, до следење на однесувањето на возилата пред нас како што е формирање колона или забавување, ни дава доволно време да се подготвиме и реагираме соодветно.

Трпение – е основна разлика меѓу искусен и возач почетник. Од одлуката да се почека уште едно возило пред да се приклучите од спореден пат, до отпуштање на педалот за гас и давање доволно простор да забрза возилото што се приклучува пред нас – сето тоа се одлики на добар возач.

Нежно со сопирачките – во секојдневното возење нема простор за нагло запирање, затоа кога е можно порано отпуштете ја педалата за гас или користете моторно кочење. Следете ги останатите возила и семафорите пред вас, така ќе можете да запрете навремено и безбедно.

Користете го менувачот – запознајте се со возилото и изборот на соодветен степен при секоја ситуација на возење – пред кривина ставете во понизок степен, одберете степен во кој моторот е најеластичен за забрзување пред да почнете со претекнување и не менувајте додека не завршите или ставете во повисок степен со помалку вртежи на моторот кога возите по рамен пат.

Возењето наназад, паралелното и косо паркирање се техники кои може да се совладаат на празен паркинг или споредна улица, но некои техники бараат повеќе искуство и изминати километри во реални услови. Како што ќе изминувате повеќе километри, така подобро ќе го запознавате однесувањето на возилото во различни временски услови и ќе стекнувате техники, како што е да го контролирате возилото во случај на пролизгување – па ќе знаете како да изреагирате кога ќе се најдете во ситуација на пролизгување на погонските или непогонските тркала, на сув или мокар пат, на асфалт или песок.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство