Макпетрол Инфо Поинт: Безбедносниот појас за 60 проценти ги намалува фаталните последици при сообраќајна незгода

Од:

Безбедносниот појас во три точки на врзување што се користи во денешните автомобили е измислен во 1959 година од шведскиот иноватор Нилс Бохлин за компанијата Волво. Безбедносните појаси во 1967 година за првпат стануваат стандардна опрема и на предните и на задните седишта на возилата на Волво.

Волво ги собира податоците за сите сообраќајни несреќи во кои учествува моделот ПВ544 (прв автомобил во светот со безбедносни појаси како стандардна опрема), според кои возачот и патниците имаат за 50 до 60 проценти помала смртност и повреди, доколку користат појас во случај на сообраќајна незгода. Компанијата патентот за безбедносен појас во три точки на врзување го прави отворен за сите производители.

Според анализите на Американската агенција на безбедност на патиштата од 1984 година носењето на појас го намалува ризикот од смрт на возачот и сопатникот од 20 до 55 проценти и од 25 до 60 проценти за сериозни повреди.

Податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести во САД, покажуваат дека повеќе од половина (51 – 60 %) од младите на возраст меѓу 13 и 19 години, кои загинале во сообраќајна несреќа, не носеле појас.

Во Србија, Грција, Хрватска, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Словенија, Австрија, Германија, Италија и Шпанија, сите вградени безбедносни појаси се задолжителни, а за деца до три години е неопходно детско седиште.

Во соседните земји, возење без појас ќе ве чини од 500 до 1 500 леки (4-12 евра) во Албанија, во Србија 5 000 српски динари или 40 евра, 35 евра во Косово, 50 лева или 25 евра во Бугарија и 350 евра во Грција.

Казните за возење без појас во регионот се движат од 1 000 куни или 130 евра во Хрватска, 120 евра во Словенија, од 40 до 100 евра во Црна Гора, помеѓу 100 и 300 конвертибилни марки (50 до 150 евра) во Босна и Херцеговина.

Во Европската Унија казните се движат од 30 евра во Германија, меѓу 35 и 72 евра во Австрија, помеѓу 81 и 326 евра во Италија.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана