Макпетрол АД со 3.200.000 денари во медицинска опрема ќе помага на Министерството за здравство

Од:

Земајќи предвид дека нашата, како и повеќето земји во Европа и Светот, се соочува со последиците од пандемијата со новиот Корона вирус, „КОВИД-19“, Макпетрол АД како општествено одговорна компанија одлучи да донира соодветна медицинска опрема во вредност од 3.200.000,00 денари на Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Ова е време кога е потребна солидарност и поддршка. Во борбата против вирусот „КОВИД-19“ не можеме да се бориме како индивидуи, туку, заедно како општество.

Дополнително, уште еднаш сакаме да апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација.

Останете дома и придонесете, заштитете се себеси и оние кои ги сакате!

Макпетрол АД е целосно подготвен и е на располагање за соработка со сите државни институции во борба против вирусот „КОВИД-19“.

Јавното здравје е заедничка одговорност!

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Макпетрол“: потребно е заедно да кренеме глас против булингот

Донација од „Макпетрол“ за основните училишта во општина Центар

Ана Ололовска

„Макпетрол“: Граѓаните да не учествуваат во лажната наградна игра на „Фејсбук“

Ана Ололовска