Макпетрол АД подари комплетно озвучување, синтисајзер, два комплети орфови инструменти за учениците во одделенска настава

Од:

Макпетрол АД како општествено одговорна компанија продолжува со своите активности во заедницата. По неодамнешното отворање на новата бензинска станица во Пинтија, компанијата се активираше во унапредување на наставните услови во подрачното основно училиште Рајко Жинзифов.

Макпетрол АД подари комплетно озвучување, синтисајзер, како и два комплети орфови инструменти за учениците во одделенска настава.

Предавањето на подарокот се случи денес, 18.11.2016 во просториите на училиштето. Директорката Елизабета Славковска изрази огромна благодарност во свое име и во име на училиштето, и истакна дека и е особено драго што постојат компании како Макпетрол кои активно помагаат во општеството. Таа додаде дека подарокот е од големо значење затоа што ќе им помогне на учениците и наставниците во реализирањето на бројни наставни активности.

Во име на Макпетрол, раководителот на секторот маркетинг, Мишко Тасевски, го предаде подарокот и изјави дека Макпетрол како општествено одговорна компанија, како и досега, ги следи потребите на општествените чинители и продолжува понатаму со вакви и слични активности.

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана