Макпетрол АД обезбеди цистерна за точење на гориво по повод невремето кое го зафати скопскиот регион кое одзема премногу човечки животи
Општествената одговорност е еден од столбивите на кои се темели начинот на работа на Макпетрол АД. По невремето кое го зафати скопскиот регион кое одзема премногу човечки животи, а предизвика и огромни штети, како компанија одлучивме нашата солидарност, заедно со ОКТА АД, да ја искажеме преку обезбедување на цистерна за точење на гориво.
Понеделник од 10 часот цистерната на ОИЛКО ќe биде стационирана на бензиската станица во населба Ченто каде е обезбеден соодветен простор на кој ќе се врши точењето на горивото во работните машини што учествуваат во санирањето на настраданите подрачја, при тоа работењето на останатиот дел од бензинската станица нема да биде нарушено. Точењето на горивото од цистерната во работните машини што ќе пристигнат на бензинската станица, ќе се одвива во запазени техничко – безбедносни услови, наведуваат од компанијата.
Макпетрол АД упатува повик до сите компании во Македонија и до сите граѓани кои се во можност да помогнат на оние кои им е најпотребна помош во овие мигови.