Маковеј: Бугарија и Грција да престанат да ги попречуваат интересите на ЕУ и Македонија

Од:

Советот на Европската унија мора да ја следи препораката на Европската комисија и веднаш да одреди датум за почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ. Ова е ставот на романската европратеничка Моника Маковеј во очекување на декемврискиот Самит на Советот на кој ќе се одлучува по четвртата препорака на ЕК дека Македонија треба да ги почне пристапните преговори.

– Мојата позиција во однос на почетокот на пристапните преговори со Македонија отсекогаш била јасна. Македонија покажа и се уште докажува дека има заслужено место во Европската унија, вели Маковеј во разговор со дописникот на МИА од Брисел.

На прашањето дали е можна нова блокада од некоја од земјите-членки на ЕУ и уште едно одложување на преговорите за прием на Македонија во Унијата, некогашната романска министерка за правда, по чија заслува Романија ги исполни реформите и влезе во ЕУ, со дециден став дека Советот мора да ја следи препораката на Европската комисија и веднаш да се согласи со македонските власти за датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

– Неприфатливо е да стави вето на почетокот на пристапните преговори додека Комисијата години наназад дава зелено светло. Македонија е подготвена и земји-членки на ЕУ како Бугарија и Грција треба да престанат да ги попречуваат интересите на Унијата и Македонија врз основа на билатерални прашања. Тие работи може да се решат паралелно со пристапните преговори како што беше случај за некои други земји во минатото, потенцира европратеничката од Европската народна партија (ЕПП).

Маковеј има став и за заканите за можно укинување на безвизниот режим за граѓаните на земјите од Западен Балкан, меѓу кои е и Македонија.

– Мислам дека механизмот за мониторинг на пост-визната либерализација е поставен со цел да го оценува напредокот на Македонија и останатите земји од Западен Балкан во оваа област и одржливоста на реформите. Во врска со ова, јас сум среќна што ЕК во својот прогрес-извештај оцени дека Македонија е добро напредната на ова поле. Ова е многу позитивен знак што покажува повторно дека Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со Европската унија, заклучува романската пратеничка во Европскиот парламент.

Очекувањата во Европарламентот и Европската комисија дека Македонија ќе го добие заслуженото и ќе започне преговори за членство во ЕУ се зголемуваат како наближува Самитот на Советот, кој на 13 и 14 декември под Кипарско претседателство ќе се одржи во Брисел. Препораката на ЕК, преговорите со Македонија да се одвиваат паралелно со решавањето на спорот со името се прифатливи за поголемиот дел од земјите-членки на Унијата и се прави голем притисок пред се Грција, но и Бугарија, да не го стават „големото европско друштво” во незавидна позиција со нова блокада на нашата земја.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он