А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Макканабис“ апелира до Владата да се дозволи извоз на цвет од канабис

by А1он11/09/2019 - 15:24842
Share0

Да се дозволи извоз на цвет од канабис, да не се бара банкарската гаранција од милион евра, одгледувачите да не се обврзуваат да уплатат 10 отсто од годишната добивка на посебна сметка, фирмата да нема обврска да вработи минимум 15 лица, да се изготви посебен закон за канабис, се дел од забелешките на здружението Макканабис во однос на Предлог- Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Добивај вести на вибер

– Ние не можеме да извезуваме цвет од канабис. Медицинскиот канабис, ако е еколошки третиран, чини од три до четири илјади евра килограм сув цвет. На пример, со седум тони, може да се заработи околу 30 милиони евра, а може и повеќе, вели сопственикот на фирмата „Оаза алкалоиди“, Славе Ивановски, кој додава дека ако се екстрахираат седум или осум тони сув цвет, ќе се добие уште 30 отсто добивка.

Тој потенцира дека од извозот на цвет од канабис државата би имала огромна добивка.

Од здружението ја поздравуваат мерката за овозможување на извоз на цвет, не како досега само масло/екстракт. Но, проблемот со неможноста за регистрација на производ во МАЛМЕД останува.

-Не можеме да направиме никаков извоз во земјите од ЕУ поради немање на euGMP сертификат. А за да го добиеме потребна ни е регистрација на производот во МАЛМЕД. Значи не станува збор за краен производ – шишенце од 10мл, туку големи извозни пакувања од 1 литар кој аптеките во ЕУ понатаму ќе го продаваат како генерички лек. Без Владата да даде прецизни насоки на МАЛМЕД и на Царинската управа, пак ќе остане само напишано на хартија дека може извоз, а дефакто „не“, вели претседателот на здружението Костадин Дуковски.

Смета дека воопшто не е потребна банкарска гаранција, затоа што како приватни субјекти кои инвестираат, продуктот не се продава на Владата ниту пак таа овозможува било какво субвенционирање.

-Врз основа на какви показатели Владата смета дека е потребна банкарска гаранција од милион евра. Владата не распишува тендер за набавка на производ, а со тоа банкарската гаранција да може да се активира доколку не се испорача од операторот. Доколку некогаш распише тендер за набавка на производ, нормално тогаш ќе се бара банкарска гаранција, вели Дуковски.

Од „Макканабис“ се против фирмите кои одгледуваат канабис да даваат 10 отсто од годишната добивка.

-Ваква давачка не постои никаде во свет. Таа постои за канабисот во рекареативни цели, но не и за оној наменет за медицина – лек. Доколку се дозволи вакво нешто, тогаш бараме веднаш истата мерка да се воведе и на производителите на лекови – Алкалоид, Реплек и слични. Истава мерка да се пропише во законот за лекови и медицински помагала. Само така ќе се изедначат сите производители на лекови, кажа Дуковски.

Од здружението го поздравуваат формирање на нова агенција за канабис.

-Доколку се преработи измената на законот и ние како производители директно комуницираме само со таа нова агенција, наместо со како до сега со ВЛАДА, МЗ, МАЛМЕД, МЗШВ, ние производителите таа агенција ќе ја подржиме и доколку е потребно ќе ја спонзорираме со опрема, мебел и слично, вели претседателот на „Макканабис“.

Од здружението апелираат да се мотивираат аптеките да набават од производителите и сами да го прават мешањето на концетрациите, како што е и во земјите од ЕУ. Со сегашниот принцип на работа само се поддржува монопол – а цената ја плаќаат пациентите повеќекратно од потребното. На пример: Пациент со карцином плаќа 12.000 денари, за да му се намалат мачнините и повраќањето по примена хемо-радио терапија за 10 дена, а истата терапија не би чинела повеќе од 2.500 денари.

„Маккабанис“ го поздравува овозможувањето на одгледување на индустриски коноп како земјоделска гранка. Задружението бара и посебен Закон за канабис.

izvozkanabis

Би можело да ве интересира

Патник „почести“ стјуардеси со бонбони со канабис, тие завршија во болница со халуцинации

А1он14/02/2026 - 17:3014/02/2026 - 17:14

Започнаа вонредни контроли на производителите на медицински канабис, под проверка 43 лиценци

Горан Наумовски12/02/2026 - 12:11

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

Вкупната трговска размена лани 19,5 милијарди евра – извозот зголемен за 2,9, а увозот за 4,4 отсто

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 13:25

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 09:33

Извозот зголемен за 1,8 отсто, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Катерина Ѓуровски07/10/2025 - 10:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен