Македонските и бугарските историчари пак се сретнаа, пак ништо не се договорија

Од:

Без резултат заврши 14-тиот состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

По завршувањето на дводневниот состанок, кој се одвиваше преку видеоконференција, копретседавачот на комисијата од бугарска страна, професорот Ангел Димитров, посочи дека „вистинскиот проблем е одбивањето да се занимаваме со конкретни теми, проблеми, а работите да се сведуваат на специфична условно–теоретска рамка“.

Според професор Димитров, „нашиот обид да ги натераме барем да вметнат нешто специфично за лекцијата за цар Самоил во нивната теоретска рамка, исто така, не најде согласност и разбирање. Ова е реалната состојба“.

Како што пренесува БНР, следниот состанок на Комисијата се очекува да биде во средината на октомври. Димитров изрази надеж дека летните месеци ќе дадат можност да се преиспита овој став за работа и да се направи некој чекор, додавајќи дека се надева оти тоа ќе биде чекор напред.

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска