Македонскиот амбасадор во Тирана преговара кочанскиот ориз да се нуди во јапонски ресторани низ Европа

Од:

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска во јапонската амбасада во Тирана оствари средба со неговиот колега Такада Митсујуки.

На средбата е разговарано за повеќе прашања од интерес на двете земји и народи, но, посебно се разменети мислења околу кочанскиот ориз, за кој амбасадорот Митсујуки, оценил дека по квалитет е идентичен со оризот кој се произведува во Јапонија. Поради тоа тој предложил да се разгледа можноста оризот од Македонија да се нуди на јапонски ресторани низ Европа.

– Почитуван амбасадоре Марковски, пренесете им на производителите на ориз во Северна Македонија, дека кочанскиот ориз по својот квалитет и својства е на исто рамниште со оризот од Јапонија. Ви предлагам да започнете со понуда на истиот во јапонските ресторани низ Европа, кажал амбасадорот Митсујуки.

Во објавата на фејсбук страната на македонската Амбасада се наведува дека Марковски, пред извесно време му го обезбедил овој познат македонски производ на својот јапонски колега.

Двајцата допломати се договориле во иднина почесто да се среќаваат со цел реализација на активности од заеднички интерес.

Би можело да ве интересира

Ирански државјанин крвнички е убиен во Јапонија

Јапонската премиерка стана вирален хит поради фотографија за време на вечерата во Белата куќа

Предраг Петровиќ

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Наследство од 1945 година: Јапонија сè уште бара мировен договор со Русија

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

(ВИДЕО) Голема сообраќајка во Јапонија, се судрија 50 возила, има загинати и повредени

Горан Наумовски