Македонскиот амбасадор во СЕ го достави инструментот за ратификација на Истанбулска конвенција

Од:

Македонскиот амбасадор во Советот на Европа Петар Поп Арсов денеска во Стразбур го достави инструментот за ратификација на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жени и домашно насилство, на заменик-генералниот секретар на Совет на Европа Габриела Батаини-Драгони.

Македонија стана 29. земја-членка на Советот на Европа која што ја ратификуваше Истанбулската конвенција.

Конвенцијата отвора пат за креирање законодавни рамки на паневропско ниво за заштита на жените против сите форми на насилство и да се заштити и елиминира насилството врз жените и домашното насилство, како и судско гонење на извршителите на таков вид насилство.

Конвенцијата, исто така, воспоставува специфичен механизам за мониторинг (GREVIO), со цел да се обезбеди нејзија ефикасна имплементација, соопшти денеска Советот на Европа.

Истанбулската конвенција ќе стапи во сила во Македонија на 1 јули оваа година.

Би можело да ве интересира

Совет на Европа: Опсерваторија за учење историја за промовирање на нијансирано разбирање и критичко читање на минатото

А1он

Совет на Европа: Бугарија и лани била нетолерантна кон етничките Македонци во земјата

Жарко Настоски

Комесарот за човекови права на Советот на Европа за положбата на непризнатото македонско малцинство во Бугарија

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска

Советот на Европа потврди дека е побарано мислење за Законот за употребата на јазиците

Ана Ололовска

Состојбата во македонските затвори во најновиот извештај на Советот на Европа

Ана Ололовска