Македонски транспортери ја блокираа границата кон Грција

Од:

Асоцијацијата на македонските транспортери „АМЕРИТ” во соработка со колегите од грчка страна, попладнево во 15 часот го блокираа транспортниот сообраќај на ГП Богородица поради рестрективните мерки на грчките власти за заштита од Ковид-19 кои сеуште се применуваат на ГП Евзони и покрај ветувањето дека ќе бидат повлечени.

Организаторите на четиричасовниот предупредувачки штрајк, кој ќе трае до 19 часот, велат дека под притисок на камионџиите, кои биле изложени на секојдневни тортури, биле принудени да се организираат и да го кренат гласот за полесен проток на транспортниот сообраќај и пократко задржување на возачите на граничниот премин Евзони за влез во Грција.

Доставија барања до грчките власти кои доколку не бидат прифатени во рок од 48 часа ќе предизвикаат разгледување и преземање на порадикални мерки од страна на асоцијациите на камионџии од двете земји.

– Нашите три приоритетни барања се враќање на нон стоп работното време на ГП Евзони,да се отворат со целосно или делумно работно време граничните премини Дојрани и Меџитлија и на возачите да им се мери температура на влез во Грција,а тест да се прави само доколку има симптоми за тоа,рече управителот на АМЕРИТ,Љефтер Андонов.

Ако не бидат прифатени нашите барања за слободен проток на стоки и хуман третман на возачите,следниот штрајк ќе биде со целосно блокирање на ГП Богородица, а се разгледува и можноста со грчките колеги да се блокира и ГП Промахонас, посочија од АМЕРИТ.

Би можело да ве интересира

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час за влез во државата

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Литија низ Скопје со чудотворната икона на Богородица Трирачица донесена од Света Гора

Предраг Петровиќ

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ