Македонски тим на Светски гастрономски натпревар во Истанбул

Од:

Македонски готвачи-шефови на кујни од денеска до 14 февруари ќе учествуваат на 14-тиот Светски гастрономски натпревар во Истанбул, каде своето знаење и вештини ќе ги презентираат 2.000 готвачи и шефови на кујни од 25 земји во 70 различни категории екипно и поединечно.

Македонија првпат учествува организирано како национален тим под патронатот на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК Скопје. Организацијата во Истанбул ја предводат претседателот, естраден уметник и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“ Адријана Алачки, заменик-претседателот и шеф на кујна во хотел „Александар Палас” Љупчо Гиевски, шефот на кујна во ресторан „Камник” Скопје Никола Мишковски, интернационалниот шеф и интернационален консалтинг Марк Де Јонг, шефот на кујна во „Албис” Гостивар Зоран Андонов, шефот на кујна во „Електра гарден” Тетово Бобан Билбиловски и шефот на кујна во Скара бар – Јетон Таравари Бобан Симоновски.

За најголемата награда Grand Prix Истанбул 2016, во екипно натпреварување македонскиот национален тим го сочинуваат тројца натпреварувачи. Тимот ќе го предводи капитенот Никола Мишковски, заедно со Марк Де Јонг и Зоран Андонов.

Ова е еден од најголемите интернационални натпревари со пропозиции по стандардите на WACS – World Association of Chefs Socities, во организација на WACS и COCFED – Cooks and Chefs Federation of Turkey. За рангирањето и изборот на најдобрите ќе се погрижат 100 интернационални судии.

Би можело да ве интересира

Велика Британија може да се соочи со недостиг на храна

Горан Наумовски

Контроли на АХВ: Казни, уништена небезбедна храна и спречен шверц на јајца

Горан Наумовски

Зголемените цени на горивото и ѓубривата поради војната ја прават храната поскапа низ целиот свет

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ: Можно е наскоро да го ограничиме извозот на храна

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра