Македонски телеком: Мобилните линии се во функција во поплавените региони

Од:

Мобилните линии од „Македонски телеком“ се во функција во регионите погодени од невремето.

Како што соопштија од компанијата, екипите се постојано на терен и сеуште се работи на фиксните сервиси во Стајковци, заради недостапноста на теренот. Овие сервиси за дел од корисниците во Црешово се веќе функционални.

– Македонски Телеком постави мобилни агрегати во Стајковци, за жителите да можат да ги полнат мобилните телефони при недостиг на електрична енергија. Во моментов, низ цела Македонија има голем број на отворени пречки поради кои афектираните корисници не се во можност да ги добијат нашите услуги. Иако нашите екипи се постојано на терен станува збор за вонредна ситуација и потребно е подолго време. Корисниците кои имаат оштетена опрема можат сами да ја сменат во најблискиот Телеком Центар, се истакнува во соопштението. 

Од компанијата апелираат до граѓаните при појава на нови временски непогоди, односно во услови на големи електрични празнења и грмотевици, да ја исклучуваат опремата од струја, за да се спречат евентуални оштетувања.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Адвокат близок до Заев, ќе добива по 2.500 евра во одборот на Телеком

Орце Костов

Кој ќе добива надомест од 6.000 евра во Телеком? Советник на Царина го менува Китанов во одборот на директори

Орце Костов

ДЗС: Техничките пречки во пописот не се должеа на интернет конекцијата

А1он