А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонски планинари на турскиот врв Ерџиес висок 3.917 метри

by А1он02/08/2015 - 14:41155
Share0

Четворица планинари, претставници на Македонија, присуствуваа на меѓународен планинарски фестивал во Турција, а го искачија и врвот Ерџиес на 3.917 метри надморска височина, кој е изгаснат вулкан, а со снег е покриен преку целата година.

Следете a1on на Instagram Instagram

За ова денеска информираше Бранко Мојсов, долгогодишен планинар од Неготино.

– Меѓународниот планинарски фестивал беше на турскиот врв Улудаз на истоимената планина, висок 2.300 метри надморска височина, каде што има изобилство од бубамари и токму ним им е посветен самиот фестивал. Присутни беа околу 500 луѓе од повеќе држави, покрај домашни љубители на планините и ние, од Македонија, присуствуваа авантуристи од Косово, Иран и Азербејџан, соопшти Мојсов.

Македонија ја претставуваа Мојсов и негов колега планинар од Неготино, како и двајца планинари од скопскиот планинарски клуб „Шкупи”.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Се работи за остар врв до кој и на крајот од јули стигнувате низ снег.

Потекнува од вулкан и зависно од тоа од каде го гледате, како да има ѓаволски глави. Затоа и го нарекуваат ѓаволски. Потребни се и алпинизам и качување по јаже, нешто што досега не сум го практикувал при моите планинарски акции. Осум часа се потребни за качување и 6 за назад. Самиот врв е чисто карпесто место што се одронува поради вулканскиот состав, рече Мојсов раскажувајќи за искачувањето на Ерџиес.

planinari

Би можело да ве интересира

Алјаска: Тројца летонски алпинисти загинаа откако паднаа на планината Мекинли

Горан Наумовски30/05/2026 - 18:37

Тројца планинари загинаа на опасната патека „Ѓаволски ’рбет“

Горан Наумовски31/12/2025 - 13:50

Девојка замрзна до смрт, партнерот обвинет за убиство

Горан Наумовски05/12/2025 - 14:57

Пронајдени се телата на двајца хрватски планинари на Алпите

Горан Наумовски06/10/2025 - 11:58

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски23/09/2025 - 11:2823/09/2025 - 17:25

Голема потрага по двајца планинари кои се изгубија на македонско-косовската граница

Горан Наумовски22/05/2025 - 17:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто