Македонски печалбари ја блокираа амбасадата во Берн – во редици чекаат за патен лист со кој би дошле дома за празниците

Од:

Стотици луѓе во редици направија метеж пред македонската амбасада во главниот град на Швајцарија, Берн. Македонските граѓани велат дека се чекало со часови.

„Катастрофа. Со часови се чекаше. Толку многу луѓе се туркаа пред влезот на Амбасадата, среде корона“, вака реагираа оние кои чекале документи пред амбасадата.

За турканиците пред македонската амбасада информира и швајцарскиот портал „20 минути“, кој пишува дека пред Амбасадата интервенирала и полицијата, откако напливот на иселениците кои масовно бараат патни листови ја блокирал работата на Амбасадата.

Како што пренесува швајцарскиот медиум од минатата сабота, патниците на Северна Македонија не се веќе дел од карантинот и може да патуваат, но сепак им се потребни документи кои ги издава Амбасадата.

Портпаролката на полицијата, Рамона Мок, по интервенцијата на терен за „20 минути“ потврдила дека имало турканици, но дека состојбата за кратко била под контрола.

„Како и досега, реагираме на сите барања и ја контролираме состојбата. Бидете сигурни дека се одржува растојанието помеѓу луѓето и сите се опремени со маски. Во моментов полицијата е во контакт со амбасадата за подобро организирање и издавање на потребните документи“, изјави портпаролката Мок за овој швајцарски медиум.

Дел од македонските печалбари во Швајцарија покренале и онлајн петиција и собира потписи за подобрување на работата на македонската амбасада во Берн.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски