Македонски лекари ќе се обучуваат во Хјустон

Од:

Македонски лекари и останатиот медицински кадар ќе се обучуваат на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Тексас. Меморандумот за соработка е потпишан во рамки на посетата на македонскиот министер за здравство на Медицинскиот центар „Херман Мемориал“ во Хјустон.

Документот е потпишан од страна на министерот за здравство Никола Тородов, главниот управител на Медицинскиот центар „Херман Мемориал“, Крег Кордола, деканот на Центарот за медицинска наука при Медицинскиот факултет, Џузепе Коласурдо и претседателот на Медицинскиот центар, Роберт Робинс.

Меморандумот ќе се фокусира на следните медицински области: кардиоваскуларна хирургија, неврохирургија, рехабилитација, ортопедија, трансплантација, неонатологија и педијатрија.

– Ова значи дека рамката на меморандумот овозможува македонските лекари и останатиот медицински кадар да имаат пристап до врвна обука, можности за научна надградба кои ги нуди Медицинскиот факултет на Универзитетот на Тексас, како и проширување на соработката со другите здравствени установи на Медицинскиот центар на Тексас во понатамошната соработка, информира Министерството за здравство.

Медицинскиот центар во Тексас во чиј состав е и болницата „Херман Мемориал“ е еден од најголемите медицински центри во САД составен од 54 здравствени институции.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!