Македонски концепт нуди концепт за справување со отпадот во Македонија

Од:

Македонски концепт нуди концепт за справување со отпадот во Македонија и решение за моменталната ситуација од кое бенефит ќе имаат сите, и граѓаните и државата, соопштуваат од партијата.

Проектот „ЈАВНИ РАБОТИ ЗА ЗЕМЈА БЕЗ ЃУБРЕ!“, предвидува симултано решавање на неколку горливи проблеми, и тоа решавање на проблемот со отпадот на сите страни, истовремено овозможувајќи им на сите лица можност за дополнителна заработка, намалувајќи ја сиромаштијата, а само чистата околина е реален предуслов за развој на туризмот и земјоделството.

“Во ова решение директно се вклучуваат граѓаните како најпогодени од сегашното лошо управување со отпадот и за тоа ќе добиваат финансиски надомест. Секој што е во можност, а пред се лицата во социјален ризик, секој што сака да го дополни семејниот буџет во слободно време, пензионери, планинари, ученици, ќе може со општествено-корисна и платена работа, да придонесе за справување со енормниот проблем со несоодветното фрлање ѓубре во природата”, истакна Оливера Клинчарова, кандидат од Македонски концепт за избор на пратеници во ИЕ 1.

Македонски концепт за решавање на овој проблем ги вклучува граѓаните затоа што системот комплетно потфрли, нема никакво управување со отпадот и граѓаните буквално живеат во отпадот што секојдневно се создава. Покрај отпадот, проектот „ЈАВНИ РАБОТИ ЗА ЗЕМЈА БЕЗ ЃУБРЕ” нуди решение за справување со сиромаштијата и за унапредување на капацитетите на локалниот туризам.

“Просечно секој граѓанин во Македонија годишно генерира меѓу 50 и 60 тони амбалажен отпад, што е некаде околу 100 илјади тони вкупно годишно. Потребен е систем и затоа нудиме сеопфатно решение на повеќе проблеми. Секој индивидуално може да помогне и притоа да има финансиски надомест за својот труд. Сите заедно може да ја смениме сегашната слика, да ја подигнеме свеста и да направиме промена. Време е да ја вратиме државата во свои раце и самите да се грижиме за неа, системот се покажа нефункционален, да направиме заедно да биде функционален”, потенцираше Оливера Клинчарова.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

A1on

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло