Фудбалерот Александар Пандовски се бори за живот по тешката сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на излезот од Скопје.
Според неофицијалните информации, до несреќата дошло откако возило марка „Голф“ во кое се наоѓале Пандовски и неговиот татко загубило контрола и со брзина од преку 100 километри на час удрило во столб на бензинската пумпа „Макпетрол“, која се наоѓа пред излезот од главниот град.
Првичните информации говорат дека Пандовски и неговиот родител се наоѓале во тешка состојба и веднаш биле пренесени во клиниката во Скопје, каде борбата за живот на овој 23-годишен фудбалер продолжува.
Александар Пандовски е поранешен фудбалер на Вардар, настапуваше и за екипата на Работнички, а негов последен ангажман му беше во Еуромилк.