Македонскиот емигрант во Швајцарија, Семир М. кој во Базел работел како ѕидар загина во страотна сообраќајка која се случила на автопатот крај овој град, кога при брзина од 200 километри на час со својот автомобил, изгубил контрола, удрил во ѕидовите од тунелот, а потоа и во други автомобили, објавија швајцарските медиуми.
Лекарите од Итната помош се обидувале да го спасат целата вечер, но во утринските часови тој им подлегнал на повредите.
Полицијата од овој швајцарски град извести дека Семир М. пред некој ден наполнил 19 години, а неговите родители за роденденот му го купиле спортскиот автомобил „нисан ГТ-Р“.