Македонски државјани пазарувале во Призрен со фалсификувани евра

Од:

Полицијата во косовскиот град Призрен привела двајца македонски и еден српски државјанин кои пазарувале со фалсификувани евра.

– Уапсени се двајца македонски државјани, еден од албанска, а другиот од бошњачка националност и српски државјанин, од српска националност, под сомнение дека пазарувале во неколку дуќани во Призрен со банкноти од по 200 евра, за кои се верува дека се фалсификувани, пренесува електронското издание на весникот „Газета екпсрес“, повикувајќи се на полициски извори.

Осомничените биле уапсени од полициска патрола во Штиме, додека се движеле со возило „БМВ Х5“.

Како доказен материјал одземени се 7.467 евра, 120 македонски и 9.210 српски денари.

Со одлука на обвинител, осомничените, по дадените изјави, ќе бидат задржани 48 часа.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка во Луксембург загинаа тројца државјани на Косово

Боцан-Харченко: Западот ја предизвика кризата во Република Српска и на Косово за да го собори Вучиќ

Горан Наумовски

Воен пилот од Хрватска и неговата партнерка од Косово шпионирале за Србија?

А1он

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

30 повредени откако автобус од Косово удри во камион на автопат во Германија

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка