Македонски доктори на обука во болницата „Квин Мери“ во Хонг Конг

Од:

Македонски доктори и медицински персонал да одат на обука и едукација во кинеската болница „Квин Мери“ во Хонг Конг, договори премиерот Никола Груевски на денешната средба со  менаџерскиот тим на болницата.

„Квин Мери“ е главен образовен здравствен центар во Хонг Конг, и е најнаградувана клиника во регионот. Во идниот период стручни тимови на двете страни треба да ги прецизираат областите од медицината во кои ќе се врши обука и тренинг на македонските доктори и процедурите за остварување на соработката.

– Се надеваме дека и нивните лекари, од Хонг Конг, ќе дојдат и кај нас да го пренесат нивното знаење, останувајќи во Македонија неколку недели и повеќе, со цел поголем број лекари и медицински персонал да научат некои од вештините кои хонгконшките лекари ги имаат научено и применето, а кај нас се уште не се внесени, изјави премиерот Груевски по средбата во Хонг Конг, во рамки на посетата на НР Кина.

Менаџментот на болницата „Квин Мери“ позитивно гледа на идната соработка и очекува споделување на знаењата и искуствата со македонските лекари и медицински персонал.

– Мислам дека постојат многу опции за македонските доктори да го шират своето знаење и да дојдат тука во Хонг Конг да го споделат нашето искуство кое го имаме, и така да ги искористиме шансите за соработка во иднина, изјави д-р Ли Чои, директор на болницата.

Болницата „Квин Мери“ е специјализирана во терцијарното здравство на целата територија на Хонг Конг. Вработува над 5.000 лица медицински персонал, од кои над 1.500 доктори. Позната е по своите напредни методи во областа на трансплантацијата и педијатријата.

Во тек на престојот во Хонг Конг, премиерот Груевски ќе се обрати на бизнис форум организиран од „Фајненшл Тајмс“. Во Народна Република Кина македонската делегација треба да го посети и градот Гуангжу, седиште на мултинационалната компанија „Веибо“ која веќе има донесено одлука за инвестирање во Македонија и отворање фабрика во североисточниот реон со која ќе се отворат околу 5.000 работни места. Планирани се средби и со политичките претставници на регионот Гуангдонг.

Со престојот во НР Ника владината делегација ќе ја заокружи посетата на државите од азискиот континент.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство