Македонски, бугарски и албански претставници пак имаа состанок, пак најавија „интензивирање на изградбата на Коридорот 8“

Од:

Поинтензивна соработка во изградбата на железничкиот Коридор 8 најавуваат управителите на железничката инфаструктура од Северна Македонија, Бугарија и од Албанија, кои денеска во Софија одржаа трилатарален состанок и потпишаа протокол за соработка.

Како што изјави за МИА директорот на ЈП за железничка инфратсруктура на РСМ Хари Локвенец, на средбата на делегациите предводени од него и од неговите колеги од Бугарија, Красимир Папукчијски, и од Албанија, Ани Дурмиши, се разговарало за приоретизација и активности поврзани со изградбата на железничкиот Коридор 8.

– Дискусијата резултираше со потпишување на Трилатерален протокол за соработка со цел поинтензивна посветеност и соработка меѓу трите управители на железничка инфраструктура, информира Локвенец.

Тој претходно изјави дека се создадени сите предуслови 2026 година да биде конечна рамка за завршување на проектот за изградба на пругата кон Бугарија. За тој проект е во тек втората фаза на тендерската постапка за избор на изведувач на првите две делници од Куманово до Бељаковце и Бељаковце до Крива Паланка, кој ќе ги продолжи активностите на терен, а за третата делница до границата со Бугарија е во тек подготовка на тендерската документација.

-Очекуваме дека во рамки на предвидувањата и најавите од страна на мојот бугарски колега Папукчиски каде бугарската страна би ја завршила својата делница од Софија до македонската граница до крајот на 2027, мислам дека ние со нашите планови за завршување на целата работа до крајот на 2026 година ќе ги исполниме сите предуслови и успешно ќе го завршиме не сакам да речам конечно, меѓутоа дефинитивно овој важен инфраструктурен проект, рече Локвенец.

Во рамки на железничкиот Коридор 8 е и најавената изградба на пругата Кичево – Лин.

Би можело да ве интересира

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он

Бочварски за патот Кичево-Охрид: Се што ќе направиме ќе биде согласно насоките од експертите

А1он

Брзо се оттуѓува приватниот имот за „Бехтел и Енка“: 58 отсто од земјиштето е експроприрано

Орце Костов

Жителите на Горна и Долна Бањица се жалат дека експропријацијата за изградбата на Коридорот 8 е по пониски цени

„Бехтел и Енка“ доби нов аванс од Владата во висина од 53,3 милиони евра за автопат кој не почнал да се гради

Орце Костов