Македонската делегација се поклони на гробот на свети Кирил и беше примена од папата Франсис

Од:

Македонската државна и црковна делегација предводена од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, која престојува во Рим по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, денеска во Ватикан беше примена од поглаварот на Римокатоличката црква Франсис.

Ова е прва средба на македонска делегација со папата Франсис, по неговиот избор за нов римокатолички поглавар во март оваа година.

Претходно во базиликата Сан Клементе митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар одржа молебен во чест на Свети Кирил, а македонската делегација и многу граѓани кои живеат или престојуваат во Италија се поклонија пред неговите мошти, јави известувачот на МИА.

Претседателот на Собранието по тет-а-тет средбата, рече дека папата Франсис посочил оти Македонија има многу дадено за христијанството. Вељаноски го поканил да ја посети Македонија и целиот регион.

– Со неговата посета ќе даде еден дополнителен стимул за сите случувања во регионот, изјави претседателот на Парламентот, кој го информирал поглаварот за неодамншената трета меѓурелигиска конференција што се одржа во Скопје.

– Водењето на дијалогот и за него значи многу, затоа што и самиот кажа дека проблемите кои постојат во Европа и во светот може да се решат низ дијалог меѓу граѓаните, религиите, политичарите, изјави првиот парламентарец.

Поглаварот на Римокатолицката црква Франсис на подарок од македонската делегација денеска доби розета во ципкаста резба, цветен мотив на конзервирано ореово дрво и претставува симбол на насата традиција стара 1200 години.

Државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Тарчисио Бертоне, кој исто така се сретна со Вељаноски и со македонската делегација, истакнал дека Македонија има многу направено за припадниците на сите верски заедници, вклучувајќи ги и католичките верници.

Владиката Петар, кој чиноначалствуваше со молебенот на гробот на Свети Кирил, посочи на заветот што ни го оставиле светите браќа.

– Да се застапуваме за правдата и да се застапуваме за вистината по цена на нашите животи. Да се бориме против тријазичништвото, против секаква дискриминација, особено против асимилацијата и негирањето на посебноста на народите и луѓето, односно нивниот јазик, етнос, нација и идентитет, култура, црква…, рече митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

– Да ги решаваме проблемите и недоразбирањата со дијалог, љубов и толерација, продолжи тој, а не со омраза, со завист, со одмазда и злоба.

– Во духот на велигденските празници да се возљубиме еден со друг и да им речеме браќа на оние што не мразат, да простиме се заради воскресението, истакна владиката Петар.

Би можело да ве интересира

Во 2025 година пет продолжени викенди

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ