Македонската црква за дијалог со СПЦ, но без условувања

Од:

Поглаварот на Македонската Православна Црква Г.Г. Стефан изјави дека МПЦ е подготвена за дијалог, но без условување. Одговорот доаѓа по вчерашната изјава на српскиот патријарх Иринеј дека нема разговори со МПЦ се додека Јован Вранишковски не излезе од затвор.

Поглаварот Стефан кажа дека Јован Врнишковски е во затвор поради „криминални активности и ништо друго“

Тој за бугарската телевизија рече дека на погребот на бугарскиот патријарх Максим имал „неформална средба“ со цариградскиот и вселенскиот патријарх Вартоломеј кој му пренел дека ќе го „поддржи процесот на признавање на МПЦ“.

Архиепископот Стефан потсетува и на зборовите на српскиот патријарх Павле дека „помеѓу Белград и Скопје не постојат црковно догматски прашања туку недостаток на љубов, неа треба да ја негуваме и надградиме, во рамките на православието, посебно меѓу нашите соседни народи“.

Иницијативата на претседателот на Србија Томислав Николиќ, според македонскиот поглавар е „прифатлива ако води кон подобрување или надминување на сегашната ситуација“.

СПЦ според него, треба да биде за дијалог, но без условување.
Прашан дали бугарската црква може да помогне во решавање на проблемот, Г.Г. Стефан одговори позитивно и додаде дека тоа можат да го направат и другите цркви.

„Починатиот бугарски патријарх Максим имаше „коректен однос“ кон МПЦ, рече Стефан и наведе дека „иако не помогнал, никогаш и не одмогнал“ и овозможил Македонците да студираат теологија во Софија, ги благослови контактите на свештенството и народите на двете цркви“.

Прашањето за МПЦ, според македонскиот поглавар е прашање за целото православие на кое треба да му се пристапи со „отворени очи и со чиста совест“.

„МПЦ и нејзината мисија се реалност“, рече поглаварот на МПЦ.

Помошта на секоја православна црква би била корисна бидејќи МПЦ е наследник на Охридската Архиепископија, треба да се тргне „срамот од совеста на православието“, рече архиепископот Охридски и Македонски, Г.Г. Стефан.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски