Македонска собраниска делегација на пролетната сесија на ПССЕ во Стразбур

Од:

Пратениците од Собранието на Република Македонија Александар Николоски, Ермира Мехмети-Деваја и Имер Алиу, учествуваат на редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, во Стразбур,  Франција.

Свое обраќање на пленарната седница на ПССЕ, како што соопшти прес-службата на Собранието, ќе имаат претседателот на Германија Јоаким Гаук, премиерот на Грузија Бидзина Иванишвили, премиерот на Романија  Виктор Понта и претседателот на Владата на Андора, Антони Марти.

На пратениците во Парламентарното собрание ќе им се обратат и министерот за надворешни работи на Андора, Гилберт Сабоја Сунје, во својство на претстедавач со Комитетот на министрите, министерот за надворешни работи на Швајцарија, Дидиер Брукхалтер, како и комесарот за човекови права, Нил Муижниекс, кој ќе го претстави годишниот извештај за 2012 година.

Теми за кои ќе се расправа на оваа сесија ќе бидат  Пост-мониторинг дијалогот со Турција, насилството врз религиозните заедници, борбата против сексуална злоупотреба на децата, како и рамнотежата меѓу бенефициите и ризиците од нанотехнологијата.

Би можело да ве интересира

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат