Македонска Каменица домаќин на натпреварите по сообраќај за основните училишта

Од:

Основците од Македонска Каменица екипно беа подобри од делчевските основци во меѓуопштинските натпревари по сообраќај „Детски семафор“, додека делчевските средношколци беа првопласирани на натпреварите во „Сообраќајно-техничка култура на младите“.

Ова се екипините реузлтати на меѓуопштинските натпревари по сообраќај „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“ што се одржаа во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.

Николина Петровска – Мавродиева од Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот од Општина Делчево истакна дека учениците се натпреварувале со своите знаења за сообраќајните правила и прописи преку теоретски дел со полагање сообраќајни тестови, кои и годинава се решаваа на електронски систем лоциран на веб порталот www.soobrakaj.mk, и практичен дел со вешто возење на велосипед и мопед на полигон.

За најдобрите натпреварувачи беа доделени награди за прво, второ и трето место, поединечно за момчиња и девојчиња, како и награди во екипна конкуренција.

Организатор на овие традиционални сообраќајно- воспитни манифестации „Детски семафор“ и „Сообраќајно- техничка култура на младите“ се општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата од Македонска Каменица и Делчево, со поддршка на општините Македонска Каменица и Делчево.

Општинските натпревари „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“ традиционално се одржуваат повеќе од 45 години и претставуваат посебен придонес во градењето на сообраќајната култура на децата и младите кои секојдневно се вклучени во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка

А1он

СДСМ го освојува градоначалничкото место со минимална предност пред ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна