Македонска Каменица дел од европската иницијатива за рамноправност меѓу мажите и жените

Од:

Градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова денеска ја потпиша Европската повелба за рамноправност на мажите и жените во локалните заедници.

Според Стаменкова со ова рударска Македонска Каменица станува дел од една силна и извонредна европска иницијатива за рамноправност меѓу мажите и жените.

– И покрај сите досегашни напори, силна посветеност и макотрпна работа на маркантни личности, во секојдневниот живот се уште не постои потполна еднаквост помеѓу половите. Ми претставува огромна чест што оваа Повелба ќе биде потпишана и од наша страна со што ќе станеме дел од големото европско семејство на локални заедници кои ќе преземаат конкретни акции и чекори за полова еднаквост, рече Стаменкова.

Таа додаде дека потпишувањето на Повелбата е само прв чекор, а во наредниот период Општината ќе изработи акциски план и ќе ги дефинира сите идни активности за целосна полова еднаквост.

– Ќе продолжи нашата грижа за основните човекови права и потполно искоренување на дискриминацијата по било кој основ. Подеднакво ќе ги вклучиме и мажите и жените во процесите на донесување одлуки на локално ниво и заеднички ќе работиме на надминување на стереотипите, истакна Стаменкова.

Пред официјалното потпишување на Повелбата, а во организација на Општина Македонска Каменица, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и КИЦ „Романса“ беше отворена ликовна изложба и беше оддржано литературно читање на тема „Сите сме еднакви“.

Би можело да ве интересира

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка

А1он

СДСМ го освојува градоначалничкото место со минимална предност пред ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна