Македонска државјанка во Пула си го заборавила детето во прегреан автомобил

Од:

Хрватската полиција во Пула спасила дете кое останало само во прегреан автомобил на државјанка на Македонија, при пеколни температури кои ја зафатиле земјата.

Детето било пренесено во болницата во Пула за укажување лекарска помош, со оглед на тоа што извесно време поминало во возилото. Кога го нашол полицаецот, детело плачело, било испотено и имало висока теленска температура, пренесуваат хрватските медиуми.

Околу 14 часот полицијата добила дојава од граѓани дека на улицата „Марулиќева“ во градот во возило марка „БМВ“ имало дете, по што веднаш била испратена најблиската полициска екипа. Полицајката успеала да ја отвори вратата ставајќи ја раката низ делумно отворениот прозорец и го извлекла детето од возилото, појаснуваат хрватските медиуми.

Против 28-годишната државјанка на Македонија, кој го оставила детето во автомобил ќе биде спроведена кривична истрага.

Би можело да ве интересира

Педофил нападнал три годишно дете во Дебар маало, успеал да го соблече пред мајката да повика полиција

А1он

Загинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа, таткото и две деца повредени

Девојче се задави со појас во училиштен автобус, надзорничката гледала во мобилниот

Горан Наумовски

Гест на благодарност: Дете вози велосипед по стрмни падини за да им однесе вода на пожарникарите во Грција

Орце Костов

Пронајдено исчезнатото дете од Чаир – било во Куманово

Анита Петровска Рајковиќ

Исчезна 15 годишно дете од Скопје – родителите молат за информации

Анита Петровска Рајковиќ