Македонка е полесно повредена во турканиците кои настанале по експлозијата во Истанбул

Од:

По вчерашната експлозија во Истанбул, Министерството за надворешни работи, преку Генералниот Конзулат во Истанбул и Амбасадата во Анкара е во постојана комуникација и со надлежните органи на Турција, и со заинтересираните граѓани од нашата земја информираат од МНР.

– 24 часа по инцидентот, нашите претставништва сѐ уште немаат добиено информација за директно настрадани или повредени државјани на Република Северна Македонија; во меѓувреме една наша државјанка која се наоѓала во близина на инцидентот, пријави во нашиот конзулат дека индиректно се стекнала со полесни повреди предизвикани од турканиците настанато при оддалечување на луѓето од местото на експлозијата. Информираме дека без поголеми проблеми таа е веќе вратена во земјата се вели во информацијата од МНР.

Македонските преставништва остануваат во контакт со институциите на Турција, како и загрижени граѓани и економски субјекти кои организираат патувања во Истанбул велат од Надворешни.

Од МНР потсетуваат на теелфонските бореви на кои може да се добие информација или асистенција: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје.

Би можело да ве интересира

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

Евакуирана трета група македонски државјани од Блискиот Исток

Со лет од Дубаи евакуирани 150 патници, од кои 125 македонски државјани, утре лет од Ријад

Враќање на дел од македонските граѓани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин утре

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски