Македонија е на второто место по загаденост во Европа, веднаш по Босна и Херцеговина. Најзагадени држави во Европа според присутните штетни честички во воздухот во урбаните средини се БиХ (55,1), Македонија (42,7), Бугарија (30,3), Полска (25,4), Црна Гора (24,3), Унгарија (22,7), Србија (21,4),
Најмалку загадени се Шведска, Финска, Исланд, Естонија и Норвешка.
Брисел планира да ги заостри казните за земјите од ЕУ кои оваа година нема да се потрудат да го решат проблемот со загадувањето со тоа што ќе спроведат законски мерки и да ги применат стандардите.
Некои од нив може да бидат изведени и пред Европскиот суд за правдата и да бидат казнети, како што беше случајот со Бугарија минатата година.
Бугарија која претседава со ЕУ во првата половина на 2018 година, се изјасни дека проблемот на квалитетот на воздухот ќе биде приоритет. Бугарија има стапка на најголема смртност во ЕУ, предизвикана од загадувањето на воздухот, со преку 13.000 случаи годишно, од скоро 400.000 во целата Европска Унија.
Според извештајот на Светската здравствена организација, во ЕУ минатата година најзагадени биле дури четири града во Полска, како и Димитровград во Бугарија.
Уште поголем проблем се балканските држави кои тежнеат да станат членки на ЕУ, пред се Македонија со екстремно загадените градови Скопје, Битола и Тетово.
По загаденост на врвот на листата се и Плевља во Црна Гора и Тузла во БиХ.