Македонија втора година со пониска оценка во извештајот за трговија со луѓе на Стејт Департментот

Од:

Македонија втора година добива пониска оценка во извештајот за трговијата со луѓе на американскиот Стејт Департмент. По миграциската криза актуелно е криумчарењето. Посочен е и проблемот со децата Роми принудени да питачат, пренесува дописнкот на МРТ од Вашингтон.

Македонија е земја извор, транзит и дестинација за трговијата на мажи, жени и деца за сексуална експлоатација и принудна работа, стои во најновиот извештај на Стејт Департментот за трговијата со луѓе. Втора година по ред Македонија добива помала оценка ТИЕР2, за разлика од 2011 до 2015-та година кога имаше оценка ТИЕР1.

Во извештајот се наведува дека иако македонските власти во 2016-та презеле повеќе мерки за превенција и осуда на трговијата со луѓе, сепак, оценката останува ТИЕР2 поради недоволните напори за сузбивање на овој вид на криминал.

Жртвите на трговија со луѓе најчесто се од балканските и истоевропските држави кои се принудени на експлоатација во ноќните барови и ресторани во Македонија, а особено се посочува проблемот со деца Роми кои се принудени да питачат.

Трговијата со луѓе е најлошо прекршување на човековите права што носи огромни финансиски средства за организираниот криминал и терористите, оценуваат од Стејт Департментот.

– За жал, нашиот предизвик е огромен. Денеска, глобално се проценува дека има 20 милиони жртви на трговија со луѓе. Јасно е дека ни престои уште многу работа и владите во светот имаат уште многу работа, изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, е назначена за промотор на борбата против трговијата со луѓе во светот. На презентацијата на најновиот извештај таа ги претстави мажите и жените на кои им се оддаде признание за сузбивање на трговијата со луѓе.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја посочи Кина како држава која најмалку се бори против трговијата со луѓе.

Би можело да ве интересира

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стејт депратмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

ЕК: Повеќе од 7.000 луѓе се жртви на трговија со луѓе во ЕУ секоја година

А1он

Oткриени повеќе од сто можни случаи на трговија со луѓе во Белгија

А1он

Стејт департмент: Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

Во Централна Америка уапсени 45 шверцери на луѓе