Македонија во жолта фаза, од утре температури до 40 степени

Од:

Од утре до недела, подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, а температурите ќе се движат во интервал од 35 до 40 степени Целзиусови.

Значителен пораст на температурите се очекува во петок и во сабота, кога постои можност целата територија на државата да биде зафатена со температури од портокалова фаза, за што Министерството за здравство најави дека во континуитет ќе информира со соодветни препораки за заштита од топлото време.

Во текот на утрешниот ден, само југоисточниот регион ќе биде зафатен со топлотен бран од жолта (алертна) фаза. Овој регион ги опфаќа градовите Гевгелија, Кавадарци, Демир Капија, Штип, Радовиш, Струмица, и околните градови и населени места, каде што се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината.

Од Министерството за здравтсво препорачуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и избегнување консумација на лесно расиплива храна. За хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Би можело да ве интересира

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Според ММФ инфлацијата е двојно поголема од пресметките на СДСМ

A1on

Облачно и посвежо, со дожд и грмежи попладне

Жарко Настоски

Метеоролози: Светот ќе се соочи со најтоплата деценија досега

Татјана Ташкова

Облачно со повремен дожд и ветер

Утре студено време со северен ветер