Македонија во хуманитарна акција за Србија и Босна

Од:

Македонските локални власти и граѓаните денеска организираат низа хуманитарни акции на кои ќе се собираат донаци кои ќе им бидат испратени на настраданите граѓани на Србија и Босна и Херцеговина.

Од 12 часот на полоштадот Македонија, ќе биде поставен пункт за собирање средства, кои би биле корисни за настраданите.

Во истиот термин во Тетово пред центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ ќе започне акција за собирање на средства за поплавените од Србија и БиХ. Акцијата ќе започне во 9 часот и ќе трае до 11.30 часот.

Средствата за помош на поплавените, можат да бидат парични, но и материјални (облека, храна, алати и сл.), информираат од иницијативата. Организаторите велат дека собраните средства ќе бидат доставени до скопските пунктови поврзани со српската Амбасада во Скопје, а дел од организаторите лични ќе ги достават финансиите и до Сараево.

Општина Кисела Вода исто така организира хуманитарна акција за помош на жителите од Србија која е зафатена со поплави.

Како што информираат од Општината, од 10 до 18 часот, во просториите на големата сала на општина Кисела Вода сите граѓани во рамки на своите можности можат да донираат облека, флаширана вода, хигиенски средства и со тоа да им обезбедат помош на жителите на Србија на кои во моментов им е неопходна.

Помошта може да се достави и до сите месни заедници на територија на општина Кисела Вода од 10 до 18 часот.

Општина Аеродром утре пак организира хуманитарна акција и ги повикува граѓаните да се вклучат во акцијата со свои донации од храна, вода, облека и хигиенски средства. Донациите граѓаните можат да ги оставаат на два пункта и тоа на влезот на Општина Аеродром и пред трговскиот центар „Капитол“ од утре од 10 до 18 часот.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он