Под мотото „Спортски е да се сади“ утре ќе биде одржана 10. јубилејна акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.
Во ноемвриската акција предвидено е да бидат засадени 3.200.000 садници на површина од 803 хектари. Од предивденото, 574 хектари ќе бидат нови површини, 131 хектар се површини кои ќе се коригираат, а 98 хектари опожарена површина.
Уште околу два милиона садници ќе бидат засадени од АД Македонски шуми до крајот на годината, со што вкупниот број на дрвца со кои ќе биде пошумена Макеоднија ќе достигне 5.200.000.
Ќе се пошумува на повеќе локации, односно на сите површини на кои се садеше во изминатите пет години, Ајватовски Рид, Водно, Мршевци…, а најзастапени ќе бидат автохтоните сорти на дрвца, чемпрес, црн и бел бор…
Заради поголема излезеност во акцијата, Владата донесе одлука 21 ноември да биде неработен ден за граѓаните на Република Македонија.
Традиционално и оваа година дрвца ќе садат и претставници на дипломатскиот кор, армијата, министри, ученици, познати спортисти…
Според показателите од Инспекторатот за шумарсво во 2008 година засадени биле 5.300.000 дрвца, а успешноста била 57,50 отсто, во 2009 година 7,5 милиони со успешност од 68,84 проценти. Во 2010 се засадени 7.645.000, а успешноста била 57,73 отсто. Во 2011 година пошумувањето било направено со 3.400.000, а до ноември годинава, пак, со речиси два милиона садници.
Вкупно од 2008 до 2011 година се пошумени 12.200 хектари со 30.400.000 садници.