Македонија со најлошо здравство во Европа, последна на листата

Од:

Македонија има најлоша, а Франција има најдобра здравствена заштита во Европа, според истражувањето на независниот центар Numbeo, пренесе businessinsider.

europe health careКомпанијата, основана пред пет години, периодично ги сумира овие резултати кои се добиваат врз основа на здравствените услуги и анализа на податоците, како што се вештините и знаењата на персоналот, брзината, опремата, и цената.

Локалните податоци се комбинираат во уникатен индекс на здравството, со кој се добива една единствена мерка за состојбата на здравствениот систем на секоја земја.

mkdHealth

Франција е на врвот на листата со индекс од 82,58. Македонија е последна со индексни поени 35.12 и со тоа има најлоши здравствени услуги во Европа. Велика Британија има индекс од 73,88, што ја прави 12-рангирана од земјите на листата со најдобри здравствени услуги. Британското здравство е пред шпанското, швајцарското и финското задравство, но заостанува зад Турција и Кипар.

Според БиБиСи, реформите во здравството се главниот фокус на политичарите пред изборите закажани за оваа година. Во извештајот објавен на 23 октомври се предупредува дека здравстото во Англија би можело да се соочи со 30000000000 фунти дефицит од 2020 година.

Во светски рамки, Јапонија е земјата која има најдобри здравствени услуги, по што следуваат Бахреин, Тајван и франција. Македонија и во светски рамки е на дното на листата на 100 позиција, односно подобра само од пет држави.

IndexHealth IndexHealth1 IndexHealth12 IndexHealth13

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски