Македонија со црни рекорди според смртноста: Во првите шест месеци починале 4 илјади луѓе повеќе за разлика од 2019 и 2020

Од:

За четири илјади лица е зголемена смртноста во земјава, во првите шест месеци од годинава, покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика.

Доколку овие бројки се повторат и во втората половина од 2021 година, Македонија ќе доживее црн рекорд во морталитетот, почнувајќи од 1995 година па наваму.

Според податоците на ДЗС, во првата половина од годинава починале 14.421 лица. Во истиот период лани, починале 10.165 лица, а во 2019 година 10.559 лица.

Природниот прираст на населението е негативен, односно бројот на живородените деца е многу помал од бројот на умрените лица. Во првите шест месеци од годинава, според ДЗС, се родиле 8.500 деца.

„Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2021 година бележи зголемување од 40.2 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 7.496 лица, а од нив 13 се умрени доенчиња“, стои во последниот извештај на ДЗС.

Причината за зголемената смртност не е наведена во последниот извештај, но во годишниот извештај за морталитетот во 2020, првите три причини за смрт се болестите на циркулаторниот систем, неоплазмите и Ковид-19.

Бројката на починати лица во 2020 година е зголемена за 26 проценти во однос на 2019 година и изнесува 25.775 лица.

Како и во минатите години, според Заводот за статистика, најмногу луѓе, повеќе од 41 проценти, починале како последица на болести на циркулаторниот систем, од неоплазми починале 15,2 проценти, а потоа следат починатите лица како последица од пандемијата на Ковид-19, со 10,9 проценти.

Ова значи дека во просек умирале по 70 луѓе дневно, од кои најмалку 7 како последица од Ковид-19.

Она што е евидентно е дека од 1995 година, бројот на починати лица во земјава се повеќе расте, со ретки исклучоци во одредени години. Па така, ако од 1995 година до 2004 година умирале од 15 илјади до 17 илјади лица на годишно ниво, во годините понатаму бројките почнуваат да растат.

Би можело да ве интересира

Зголемени цените на угостителските услуги

Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи

Трошоците на живот во октомври на годишно ниво зголемени за 3.5

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Помалку починати во 2022, најмногу умрени во јануари, жените подлоговечни од мажите за 4,3 години

Ана Ололовска

Негативен природен прираст во првиот квартал од 2023 година

Ана Ололовска