Македонија – прв приоритет на новиот шеф на бугарската дипломатија Вигенин

Од:

Новиот министер за надворешни работи на Бугарија Кристијан Вигенин најави дека односите со Македонија ќе бидат прв приоритет во неговата работа.

Вигенин во интервју за бугарската телевизија „Нова“ вели дека проблемот на Македонија, особено во последните месеци, не е само Софија.

– Има процеси внатре во државата кои се проблематични и за Европската комисија, изјави новиот шеф на бугарската дипломатија и поранешен европратеник Кристијан Вигенин.

Според него, бугарско-македонските односи не можат да се сведат само на договорот за добрососедство што двете држави треба да го потпишат.

– Треба да ги прошириме политичките и економски контакти. Тоа ќе помогне да се отстранат дел од проблемите, кои не се толку сложени, а со тоа ќе им се одземе и можноста на екстремистите од двете страни да го влошуваат тонот во билатералните односи, истакнува Вигенин.

Би можело да ве интересира

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка